Search

Отворена првата католичка црква на Куба по 60 години

Во саботата беа отворени вратите на првата римокатоличка црква изградена од периодот на кубанската револуција во 1959 година, објави Си-ен-ен.

Сега кога е довршена, ми се чини дека ја здогледавме светлината на денот“ рекол свештеникот Кирило Кастро, кој ја надгледувал изградбата на црквата. „Знаевме дека тоа ќе се случи еден ден“.

Веднаш по доаѓањето на Фидел Кастро на власт во 1959 година, почнал со уривање на институционалните религии. КАтоличката црква ја доживувал како особено опасна закана по неговата замисла на Куба како атеистичка држава.

За време на револуцијата, затворени се сите парохиски училишта, а свештениците биле испратени во кампови за превоспитување.

По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Кастро се обидел да ја ублажи изолацијата во која се нашла Куба, повикувајќи го на гости папата Павле Втори. Потоа Божиќ повторно е прогласен за празник на Куба.

Тоа што комунистичката власт дозволила изградба на католичка црква, претставува нова пресвртница во развојот на односите меѓу државата и организираната религија

Треба да знаете
Последни објави