Search

Отворена истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Кај 20-годишниот скопјанец, на 18 септември, полициските службеници пронашле наркотична дрога марихуана во тежина од 1,96 грама, 89 таблети со светло зелена боја и неправилна форма со активна компонента психотропна супстанција амфетамин, две таблети спакувани во зипер-ќесичка, како и прашкаста материја свиткана во парче тоалетна хартија со тежина од 0,31 грам. Дополнително, при претрес во неговиот дом била пронајдена бела грутчеста материја со вкупна тежина од 12,71 грама, за која со испитување било утврдено дека исто така претставува психотропна супстанција – амфетамин, стимуланс на централниот нервен систем кој е класифициран во Националната листа I на контролирани психотропни супстанции.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на опасност осомничениот да го повтори кривичното дело, особено затоа што се работи за лице претходно осудувано за исто кривично дело, но и за дело  – Загрозување на сигурноста, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Треба да знаете
Последни објави