Search

Отворена изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов во Домот на култура „Илинден”

Изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов беше отворена синоќа во Домот на култура „Илинден”, како дел од 20-та Литературна манифестација „Илинден”.

Со пригодни зборови за авторот и неговото творештво на присутните им се обрати Ефтим Клетников.

-Овој нов циклус на Стефан Хаџи Николов е возбудлив, естетски прекрасен и ги задоволува нашите сетила за уметност. Тука ми се наметнува онаа мисла на Леонардо да Винчи дека сликарството е свеченост за окото. Гледајќи ги овие слики мораме да се согласиме со оваа констатација, истакна Клетников.

На изложбата се претставени 40-на дела масло на платно, а посебен интерес кај присутните љубители на уметноста предизвикаа мотивите со цркви и манастири од Општина Илинден.

Срефан Хаџи-Николов учествувал на повеќе од 200 групни изложби во земјата и надвор од неа и е учесник на повеќе меѓународни ликовни колонии.

Треба да знаете
Последни објави