Search

Отворена изложбата „ Идентитет” на Гордана Винчиќ

Во галеријата „Ванѓел Коџоман” вечерва беше отворена изложбата „Идентитет” на Гордана Винчиќ.

Поставката содржи 19 дела масло на платно, преку кои  авторот ги обединува уметноста и личниот развој. Главен поттик на Винчиќ, како што рече, е фасцинацијата од потсвесното знаење и мудрост кои постојат кај секој поединец.

– Делата  изработени со маслени бои на платно се мој искрен обид да го насочам вниманието на набљудувачот кон кризата на идентитетот со која се соочува современиот човек. Во исто време сакам да го охрабрам да разбере дека може преку душевно или спирутуално поклонение следејќи ги божествените знаци да зачекори кон самоостварување, вели Винчиќ.

Потрагата по идентитетот, доживувањата, тешкотиите и авантурите, додаде, се од спирутуална и душевна природа исто какво што е и поклонението за поклониците. Преку работатат ги обединува уметноста и личниот развој, а нејзин главен поттик е фасцинацијата од потсвесното знаење и мудрост кои постојат кај секој поединец.

Гордана Винчиќ е родена во Скопје, а живее и работи како независен уметник во Малме, Шведска. Има одржаноо повеќе самостојни и групни изложби низ светот вклучувајќи ја и светски познатата изложба “Transitions” во музејот на “Pushkinskaya 10″ во Санкт Петербург, Русија.

Добитник е на наградата „Стрип деби ѕвезда на годината” во 2016 во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави