Search

Отворена изложбата „Иван Велков, 90 години од раѓањето“

Во Чифте амам денеска се отвори јубилејната изложба „Иван Велков, 90 години од раѓањето“, на која се претставени 90-ина дела од сите творечки фази на Велков. Сите тие се дел од Галеријата, Музејот на современата уметност, Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Штип, НУЦК „Антон Панов”, Струмица, семејството Велкови како и на голем дел приватни сопственици.

Авторки на изложбата се вишите кустоси Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделкоска-Брзанова. Изложбата ќе биде отворена до крајот на месец март.

Велков (1930-2008) спаѓа во рангот на еминентните македонски сликари, воедно и универзитетски професор, кој одигра особено значајна улога во развојот на македонското сликарство во 1960-ите.

Треба да знаете
Последни објави