Search

Отворена Европската недела на спортот во Скопје

Со пригодно обраќање на претседателот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсоски вечерва на скопскиот плоштад „Македонија” официјално е отворена Европската недела на спортот, иницијатива на Европската комисија, која во истовреме ќе се одржува во земјите – членки на Европската унија и државите, кои претендираат да бидат дел од семејството на Европа.

Во рамки на манифестацијата во следните седум денови граѓаните ширум земјата ги очекуваат голем број спортски настани, кои АМС ги подготви со помош на спортски клубови, здруженија, училишта и градинки.

Официјалниот дел започнува в петок со натпревар во скокање со јаже на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски” во Скопје.

Во деновите на викендот предвидена е манифестацијата „Биди активен ноќ” во Берово, како и турнир во баскет 3×3 на средно Водно.

Европската недела на спортот продолжува со „Ден на активна физичка писменост” во 30. македонски општини, организирано искачување до средно Водно, како и манифестацијата насловена „Бидете активни – жената во спортот” на различни локации во Скопје, Струга, Битола, Куманово и Гостивар.

На завршниот ден, идниот четврток во Охрид со почеток од 18:30 часот, Европската недела на спорот ќе биде заокружена со настанот под мото „Те предизвикувам да бидеш активен”.

Агенцијата за млади и спорт изминатите години е носител на овој проект во кои традиционално учествуваа многу деца, млади, но и повозрасни лица.

Треба да знаете
Последни објави