Search

Осум сообраќајки во Скопје за едно деноноќие

Во текот на изминатот ден (04.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои четири со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 10 возачи од кои: осум возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и двајца возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 94 мандатни платни налози и 63 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Треба да знаете
Последни објави