Search

Осум премиерлигаши се спротивставија Сити да игра во ЛШ додека трае жалбата за суспензијата

Голем број на водечки клубови во англиската Премиер лига се спротивставија Манчестер сити да учествува во Лигата на шампионите, додека „Граѓаните“ се жалат  до Судот на спортска арбитража (КАС) во случајот со повреда на финансискиот фер-плеј (ФФП), пренесе „Дејли мејл”.

Во февруари оваа година, УЕФА го исклучи Манчестер сити од европското натпреварување на две години поради сериозни прекршувања на ФФП од 2012 и 2016 година.

Според изворот, меѓу осумте клубови кои негодувале во КАС се и Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челзи и Арсенал. Клубовите барале казната веднаш да стапи на сила и се спротивставуваат на одлуката Манчестер сити да продолжи да игра во ЛШ додека трае жалбената постапка за случајот ФФП.

Треба да знаете
Последни објави