Search

Осум жртви во бурата која ја погоди Европа

– Најмалку осум лица загинаа во налет на бурата, проследена со поројни дождови и силен ветер, која го погоди северниот дел на Европа.

На островот Корзика ветрот достигна брзина до 200 километри на час, две пристаништа се затворени, авионските летови се откажани, а изби и шумски пожар со кој се борат повеќе од 300 пожарникари. Околу 2.000 домаќинства останаа без електрична енергија.

Бурата Кјара ги погоди и другите делови на Европа. Искорнати дрвја ги блокираа патиштата и железничките пруги во јужните делови на Германија и Австрија.

Треба да знаете
Последни објави