Search

Осуммина загинати при пад на авион со членови на претседателски кабинет

Сите осум патници и членови на екипажот загинаа кога на истокот од Конго се урна товарен авион, во кој се наоѓале дел од членовите на кабинетот на претседателот на Конго, Феликс Чисекеди.

„Нема преживеани. Сите тела се целосно изгорени“, изјави за „Ројтерс“ советникот на претседателот на Конго, Видија Чиманг.View image on Twitter

Во авионот биле возачот на претседателот Конго и неговиот менаџер за логистика, како и неколку војници. Авионот полетал за главниот град Киншаса и исчезнал од радарот во четвртокот попладне, по локално време, еден час по полетувањето.Се распаднал во шумска област на истокот од земјата, а причината за несреќата засега не е позната.

Треба да знаете
Последни објави