Search

Осумгодишно дете со автомобилот на мајка си возело на автопат

Германската полиција соопшти дека осумгодишно момче го возело автомобилот на мајка си по автопат во западна Германија.

Локалната полиција информира дека добиле повик од мајката кога таа забележала дека нејзиниот син и „голфот“ исчезнале, пренесува агенцијата АП.

Момчето било пронајдено на попатно стојалиште на автопатот, при што ги вклучило сите трепкачи на возилото и поставило триаголник за опасност.

Според агенцијата, тој на полицијците им рекол дека запрел затоа што му станало непријатено на автопатот при брзина од 140 километри на час.

Мајката изјавила дека момчето редовно вози картинг и дека претходно вежбало да вози вистински автомобил на приватен имот.

Треба да знаете
Последни објави