Search

Осуден фудбалскиот тренер од Нови Пазар кој со месеци силувал малолетник

Фудбалскиот тренер Д. Т. (28) од Нови Пазар, кој лани во неколку наврати силувал малолетно момче (14), кое тренирало во клубот каде уапсениот работел експресно бил осуден. Според медиумите, тој ја признал вината и по спогодбата со обвинителството Судот донел пресуда од седум години затвор без право на условен отпуст.

Според нобвинението, Д. Т. го принудувал момчето неколку месеци да доаѓа во неговиот стан каде што ја силувал и сексуално го злоупотребувани, а за возврат му ветувал успешна фудбалска кариера.

Осомничениот пред четири години, заедно со други двајца млади мажи, бил уапсен во Виена под сомнение дека малтретирале, тепале и уценувале деца од кои зеле над 20.000 евра. Подоцна бил осомничен дека сексуално нападнал неколку деца, но не е познато дали бил осуден.

 

 

Треба да знаете
Последни објави