Search

Остатоци од повеќе од 2.000 фетуси пронајдени во домот на починат лекар

Остатоци од повеќе од 2.000 фетуси се пронајдени во домот на американски лекар од Илионис по неговата смрт, соопшти тамошната полиција.

Семејството на д-р Урлих Клофер ги открило остатоците кога влегло во неговиот дом по неговата смрт на 3 септември.

Лекарот рекол дека не изгубил ниту еден пациент во текот на 43 години, период во кој вршел абортуси.

„Жените забременуваат, мажите не. Мора да ја почитуваме одлуката за која жените мислат дека е најдобра за нив. Не е моја работа да диктирам нешто или да судам некого “, рекол Клепер на рочиштето,пренесува „Њујорк тајмс“.

Властите открија остатоци од вкупно 2.224 фетуси земени од патологот, а истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави