Search

Остануваат уште две непознати имиња меѓу осминафиналистите во ЛШ

На списокот со 16 клубови кои в понедленик на 16 декември во Нион (12 часот) ќе се најдат во барабаните за извлекување на осминафиналните двојки во елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите, недостасуваа уште две имиња. Тие ќе бидат познати по комплетирањето на денешното 6. коло од групната фаза во сегментот од А до Ц. Пласманот го имаат обезбедено: ПСЖ, Реал Мадрид (А група), Баерн Минхен, Тотенхем (Б група), Манчестер сити (Ц група), Јувентус (Д група), Ливерпул, Наполи (Е група), Барселона, Борусија Дортмунд (Ф група), Лајпциг, Лион (Г група), Валенсија и Челси (Х група).

Двата последни патника во нокаут-фазата треба да ги дадат денешните 90 минути од мечевите во групите Ц и Д. Во групата Ц каде англискиот шампион Манчестер сити е сигурен на првата позиција, теоретски шанси да се пробијат до втората позиција имаат преостанатите три екипи – Шахтјор, Динамо Загреб и Аталанта. Моментално второпласираниот украински претставник Шахтјор е во најдобра позиција. Игра пред своите гледачи со последнопласиранта Аталанта која се разбуди во финишот од натпреварувањето, па нетреба предвреме да се отпишува. Шахтјор со победа во меѓусебната пресметка сами си ја решава судбината, во спротивно ќе чека поволен резултат реми или пораз на „модрите“ во Загреб, за да биде осминафиналист. Манчестер сити е фаворит на „Максимир“ против хрватскиот Динамо Загреб. Повеќекратниот хрватски првак кој го предводи македонскиот репрезентативе Аријан Адеми ќе се обиде да приреди изнеандување и да стигне до целиот плен што ќе му биде исклучително тешка задача, но додека има теорија нема дасе откаже. „Модрите“ ќе играта со англискиот Манчестер сити и ќе очекуваат поволни вести од Украина, за да обезбеди европска пролет, во ЛШ или во Лига Европа како третопласиран во групата.

И во Д групата има едно место слободно. Сигурен е италјански првак Јувентус. До втората позиција во групата пред да се одиграат последните 90 минути најблиску е шпанскиот Атлетико Мадрид кој сезонава не игра во својот препознатлив стил. Избраниците на тренерот Диего Симеоне несмеат да си дозволат луксуз со последнопласираниот Локомотив Москава. Со победа самите си го визираат пласманот во осминафиналето, пред своите гледачи. Германскиот Баер Левркузен го пречекува Јувентус со надеж дека ќе му се наредат резултатите и наместо во Лига Европа да продолжи во Лигата на шампионите.

Во А групата ПСЖ и Реал Мадрид имаа обезбедено европска пролет, но затоа нивните ривали во последното коло Галатасарај и Бриж се во игра за третата пзоиција и Лига Европа. Во случај двете екипи да завршат со идентичен број на бодови Бриж има подобар меѓусебн скор од Галатасарај.

И во Б групата првите две места се резервиран пред да се одиграат последните 90 минути за Баерн Минхен и Тотенхем, но патникот во Лига Европа меѓусебе ќе го решаваат во Атина, Олимпијакос и Црвена звезда. Српскиот шампион има три бода токму остварени во триумфот над грчкиот Олимпијакос во Белград, па со реми може да си обезбеди европски зимски сон.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРАШНИТЕ НАТПРЕАВРИ

А група ( 18.5 ч.): ПСЖ – Галатасарај, Бриж – Реал

Табела: ПСЖ 13 бода, Реал Мадрид 8, Бриж 3, Галатасарај 2.

Б група (21 ч.): Баерн Минхен – Тотенхем, Олимпијакос – Црвена звезда

Табела: Баерн Минхен 15 бода, Тотенхем 10, Ц. звезда 3, Олимипијакос 1.

Ц група (21 ч.): Динамо Загреб – Манчестер сити, Шахтјор – Аталанта

Табела: Манчестер сити 11 бода, Шахтјор 6, Динамо З. 5, Аталанта 4.

Д група (21 ч.): Баер Леверкузен – Јувентус, Атлетико мадрид – Локомотив Москава

Табела: Јувентус 13 бода, Атлетико Мадрид 7, Баер Леверкузен 6, Локомотив Москва 3.

Треба да знаете
Последни објави