Search

Пред повеќе основни училишта се поставуваат платоа за успорување на сообраќајот

Општина Центар потпиша Меморандум за воспоставување соработка со цел имплементирање на проектот „Вело училишта“ наменет за учениците од основните училишта на територијата на оваа скопска општина.

Проектот треба да овозможи зголемување и унапредување на знаењето кај децата, наставниците и пошироката јавност за темите: велосипедизам, одржлив развој, безбедност во сообраќајот, аерозагадување и климатски промени.

„Досега овој проект се реализираше само во ОУ ‘Јохан Хајнрих – Песталоци’, како пилот проект, но отсега, проектот Вело училишта ќе биде проект за сите ученици, наставниот кадар и родителите во сите основни центарски училишта“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

За овој проект Богдановиќ потпиша меморанудм со Никола Нешкоски, директор на Еко Логик – Здружение за заштита и унапредување на животната средина.

Проектот „Вело училишта“ ќе се реализира со времетраење од пет години, со можност за продолжување.

Треба да знаете
Последни објави