Search

Основниот суд во Приштина им одреди денеска 30-дневен притвор на тројцата Срби

Основниот суд во Приштина им одреди денеска 30-дневен притвор на тројцата Срби кои беа уапсени вчера во Косовска Митровица поради наводна вмешаност во убиството на лидерот на косовската Граѓанска иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ.

Притвор, по барање на Специјалниот суд на Косово, им е одреден на Марко Рошиќ, Недељко Спасојевиќ и Драгиша Марковиќ, кои се под сомнеж дека се поврзани со убиството на Ивановиќ.

Тие својата одбрана во врска со кривичното дело за кое се товарат ќе ја изнесат дополнително пред обвинител.

Четвртиот Србин, Саша Ќурчиќ, кој вчера исто така беше уапсен, треба да биде приведен во суд во Косовска Митровица, бидејќи тој не се товари за убиството на Ивановиќ, туку за спречување на полицијата во извршување на службена должност.

Ивановиќ е убиен на 15 јануари пред седиштето на својата партија во Косовска Митровица.

Треба да знаете
Последни објави