Search

Осма жртва на протестите во Франција

Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастане, синоќа изјави дека уште едно лице загинало во протестите на движењето „жолти елеци“, со што бројот на загинати од почетокот на протестите во средината на ноември се зголеми на осуммина.

Кастане на својот „Твитер“ профил изјави дека најновата жртва настрадала во ноќта меѓу петокот и саботата.

Министерот не објасни како се случила несреќата, но кажа дека тоа се случило на еден од кружните текови, наведувајќи дека би требало да се ослободат сите кружни текови во Франција.

Како што објаснува агенцијата АП, одредени кружни текови во Франција се блокирани од стрна на демонстрантите, нон-стоп, дење и ноќе.

Треба да знаете
Последни објави