Search

Османи: Франкофонијата е додадена вредност во мултикултурниот мозаик на Република Северна Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи денес имаше видео обраќање на 37-та Министерската конференција на Франкофонијата, на која што ја изрази својата целосна поддршка за трансформација на Франкофонијата, насочена кон поефикасно функционирање, засновано врз транспарентност, агилност и строгост.

„Ја потврдувам нашата цврста осуда за терористичките акти и насилниот екстремизам, без оглед на мотивите и изразувам целосна солидарност со земјите-членки и Владите на Франкофонијата, кои беа погодени од овие варварски акти” истакна Османи, додавајќи дека кризата на Ковид-19 ги истакна тешкотиите во спроведувањето на образованиот систем со што се открива итна потреба за донесување на решение за намалување на дигиталниот јаз.

МНР Османи истакна дека Франкофонијата е додадена вредност во мултикултурниот мозаик на Република Северна Македонија.

„Културното влијание на францускиот јазик има долга традиција која континуирано се ажурира, со активности во рамките на Франкофонијата, а покрај тоа, ја потврдувам важноста на придонесот на Франкофонијата за унапредување на правата на жените и суштинската улога што ја имаат во политичкиот, економскиот, културниот и социјалниот живот на сите  држави и Влади во организацијата, кои беа тешко погодени од кризата”, нагласи Османи, посочувајќи дека Северна Македонија ја потврдува заложбата за промовирање на францускиот јазик и повеќејазичност во контекст на оваа криза.

Република Северна Македонија го поздравува основањето на Франкофонска алијанса за образование во корист на францускиот јазик во рамките на меѓународните организации.

Треба да знаете
Последни објави