Search

Османи: Се продлабочува соработката со Шведска

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на посетата на Кралството Шведска, имаше одделни средби со претседателот на шведскиот Парламент Андреас Норлен и со министерот за меѓународна развојна соработка Питер Ериксон.

На средбите, покрај европските перспективи на земјава, беа отворени темите за билатералната развојна соработка, како и за парламентарната соработка помеѓу двете земји, соопшти СЕП.

– Радува фактот што Република Северна Македонија останува на агендата за развојна соработка на Шведска и во претстојниот период, што на дело го демонстрира континуираното проширување на нашата билатерална развојна соработка, која е од исклучително значење за нас во овој круцијален период на интеграција на земјава во ЕУ, истакнал вицепремиерот Османи на средбата со министерот Ериксон, пренесувајќи ја благодарноста за оваа поддршка во име на Владата на Република Северна Македонија.

За време на средбата Османи, во улога на национален координатор за странска помош, нагласи дека од фундаментално значење за нас е поддршка која земјава ја добива од Канцеларијата на УНОПС во Скопје, која како агенција е задолжена за спроведување на проектот „Нордиски напредок”, и изрази уверување дека истата ќе придонесе за поефикасна и зголемена развојна проектна соработка.

Во рамки на работната посета на Шведска, Османи ќе оствари средба и со министерот за европски прашања, Ханс Далгрен.

Посета на Кралството Шведска претставува дел од турнејата на Османи низ европските метрополи пред одржување на Европскиот совет во октомври. Османи од Стокхолм заминува за Брисел, по што следат Берлин, Варшава

Треба да знаете
Последни објави