Search

Османи: Преговорите можат веднаш да почнат, спремни сме за предизвикот кој го носат тие

Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи учествуваше на шестата седница на Националниот совет за евроинтеграции, на тема „ Очекувањата и перспективите во процесот на пристапување во Европската Унија“.

„Веднаш да се изјаснам и да не оставам простор за било какви дилеми: спремни сме за предизвикот кој го носат пристапните преговори. Тие може да започнат веднаш“ истакна Вицепремиерот Османи.

Во обраќањето Османи реферираше за текот на транспонирањето на европското законодавство, при што пред присутните објасни детално до каде е процесот и што ја очекува земјава откако ќе ги започне преговорите со Унијата, а ја презентираше и преговарачката структура чие воспоставување е веќе финализирано.

„После две децении во процесот на европска интеграција, Република Северна Македонија конечно ќе премине во долго очекуваната фаза на преговори која претставува не награда туку валоризација на се она што го постигнавме заедно, особено реформите кои беа спроведени со консензус и на партиите на власт и на тие во опозиција. Со тоа им покажавме и на граѓаните и на нашите меѓународни партнери дека европската интеграција е стратешка определба во која сите веруваме и за чие што остварување сите придонесуваме“, рече Османи, притоа посочувајќи дека верува дека на октомврискиот самит земјите – членки ќе донесат одлука која ќе даде импулс за натамошен напредок на земјава, импулс кој ќе има позитивно влијание и врз останатите процеси во регионот, а ќе претставува и позитивен придонес во создавањето постабилна, побезбедна и кредибилна Европска Унија.

Треба да знаете
Последни објави