Search

Османи од утре во посета на Брисел

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во својство на главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ од утре, ќе ја предводи владината делегација во Брисел на работната сесија со претставниците за Европската комисија, каде ќе биде претставено поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност.

Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, за време на посетата, Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ), каде ќебиде претставен и Планот 18, а ќе оствари и работната средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Треба да знаете
Последни објави