Search

Османи: Немаме договор за Влада со ВМРО ниту со СДСМ

По информациите кои се појавија во медиумите дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле за формирање коалиција и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле да има премиер Албанец, ТВ21 контактираше со Бујар Османи од ДУИ.

Тој истакна дека нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, а додава дека нема договор ни со СДСМ.

Османи воедно посочи дека ДУИ не е извор на ваквите информации.

Одредени портали вчера објавија вест дека “паднал” договор помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за премиерската позиција на која треба да седне Лазе Еленовски, која според овие информации двете партии во 4-годишниот мандат би ја делеле по две години.

Веднаш потоа се појавија информации дека СДСМ обезбедил мнозинство.

Треба да знаете
Последни објави