Search

Османи на министерскиот совет на ОБСЕ во Стокхолм

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на учеството на Министерскиот совет на ОБСЕ имаше свое обраќање на пленарната сесија Советот.

Во својот настап пред министрите на Земјите учеснички, Османи ја нагласи потребата за заедничко справување со предизвиците со кои се соочува регионот на ОБСЕ, но и пошироко – како транс национален тероризам, закани од трговија со оружје, масовна миграција и растечки хуманитарни кризи. Организацијата со својот мандат и алатки може позитивно да придонесе во таа насока, за што е потребна поголема политичка волја и поддршка од страна на самите држави.

“Како иден претседавач со Организацијата во 2023 година, Северна Македонија ќе работи на зачувување и промоција на основните вредности и принципи на ОБСЕ, почнувајќи уште од почетокот на следниот месец, како дел од триото претседавачи, задно со Полска и Шведска” истакна Османи

Во рамките на своето обраќање Османи ја посочи Северна Македонија како пример на функционална мултиетничка демократија, во хармонија со вредностите и обврските на ОБСЕ. На крај Османи ја истакна и важноста на европската перспективата за регионот, како важен фактор за неговата безбедност и стабилност.

На маргините на министерскиот совет, Османи оствари средби со колегите од Финска, Полска, Романија,н  Малта, Австрија, шефот на делегацијата на Франција, и со претставничката за слобода на медиумите на ОБСЕ.

Треба да знаете
Последни објави