Search

Османи: Назначувањето на Бучковски е дополнителен импулс за враќањето на довербата во Договорот

Назначување на Владо Бучковски како специјален претставник, може да биде дополнителен механизам и имплус во механизмите коишто ги градиме за враќањето на довербата во Договорот  од 2017 година кој што е формулата за успех за надминување на разликите меѓу нас и Бугарија. 

Ова го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференцоија по денената средба со новиот специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, Владо Бучковски.

Според него Договорот од 2017 означи пресвртница во билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија и е единствената рамка низ која може да се надминат разликите меѓу двете земји, но, во меѓувреме дел поради субјективни, дел поради објективни околности е намалена довербата дека овој процес испорачува и дека е доволна рамка за надминување на разликите.

-Наш државен интерес е да ја зачуваме оваа рамка, и ако има чувство дека Договорот не испорачува, да ја вратиме довербата бидејќи таа е најдобрата формула за надминување на разликите. И затоа во овој период се трудевме да создадеме механизми со кои ќе се врати довербата во Договорот. И преку предлагање на акциски планови за следење и формирање на работни групи кои ќе комуницираат со работни групи од Република Бугарија и покажување на постепеност и внимание кон обврските преземени од Договорот и интензивирање на работата на комисиите и барање на МНР да се свика Меѓувладината комисија помеѓу нас и Република Бугарија уште во декември оваа година. Но, еве сега, дополнително и преку назначување на специјален претставник, како што е еден поранешен премиер, познавач на односите, познавач на контекстот којшто може да биде дополнителен механизам и имплус во тие механизми кшто ги градиме за враќањето на довербата во процесот. И мислам дека Бучковски ќе биде значаен фактор којшто ќе ја врати довербата дека Владата е посветена преку назначување на луѓе од тој калибар како што е еден поранешен премиер, којшто ќе ги следи акциските планови, којшто ќе ја координира комуникацијата со Република Бугарија и со тоа ќе се надминат разликите коишто постојат, рече Османи на забелешката дека Бучковски има едногодишен мандат а до Советот на ЕУ за рамката за преговори не дели  само една недела.  

Тој не ги коментираше ставовите на опозицијата во врска со изборот на Бучковски, но рече дека неговото назначување го смета за сериозна додадена вредност во враќањето на довербата во Договорот.

Бучковски истакна дека со министерот за надворешни работи, ќе имаат сериозни предизвици да ја забрзаат имплементацијата на Договорот не само во делот на историските прашања и на заедничката експертска комисија, на која бил ставен досега фокусот, како и на зебелешките од бугарска страна дека таа не испорачала доволно резултати туку и на инфраструктурните проекти, заедничките капитални проекти, соработката во образованието, културата, на медиумите.

-Мислам дека амбициозниот план кој го има МНР е дополнителен предизвик за мене да настапиме во овој период кога не знаеме дали може за една недела да се случи чудо, но и тоа што ме увери министерот е дека до последен момент ќе треба да се бориме да се изнајде решение, рече новоименуваниот специјален претставник на Владата.

Потсети дека работат експертските групи, а тој ќе ги координира своите активности со претседателот на Владата и со министерот за надворешни работи и ќе го искористи своето искуство како и одгласите од Софија од влијателни кругови кои ги очекуваат резултатите од променетите околности во последните два месеци.

-Мора да признаеме и тоа разговаравме со министерот, ние мора да имаме дијагнози за состојбите кај нас, кои беа очекувањата пред ветото и кои се сега инструментите кои стојат на располагање. Мислам дека имаме сериозна посветеност, имаме сериозно внимание на отворените прашања, но заради чувствителноста на моментот не можам јас и како нов дел од тимот, посебно што не сум лидер од тимот да давам какви било дополнителни информации, вели Бучковски.

Тој изрази убеденост дека решение е можно, и оти сме на вистинскиот пат.

Убеден сум дека ќе најдеме решение, но не за седум дена. Можеби ќе биде потребно дополнително време, но сме на вистинскиот пат. Јас заради моето искуство нема да прифатам со нашите бугарски пријатели да ги испраќаме пораките преку медиумите. Интензивно работи нашата Комисија, имаме инструменти кои ни ги дава Договорот за пријателство и соработка. Она што го знам врз основа на слични кризни ситуации, молкот од наша страна – кога се молчи е подобро за да дојдеме до посакуваното решение, порача Бучковски.

Треба да знаете
Последни објави