Search

Османи и Шекеринска: Оптоварувањето на процесот на уставни измени би не одалечило од членството во НАТО

Редефинирање на меѓуетничките односи, особено помеѓу Македонците и Албанците со цел, како што беше, речено целосна рамноправност да биде дел од измените на Уставот заедно со предложените нацрт амандмани согласно Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција беше главното барање на поголем дел од учесниците во четвртата дебета посветена на уставните измени што се одржа денеска во кампусот на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово.

Од своја страна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека какво било оптоварување на овој процес може да придонесе за негово незавршување во предвидениот рок, а со тоа и оддалечување од главаната цел – членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.

-Почнавме процес со цел да го решиме проблемот што ја блокираше Македонија од членство во НАТО и ЕУ. Единствен начин да го упропастиме тој процес е да почнеме да дискутираме за 10 други теми. И јас лично и ние внатре во Владата имаме идеи како важни одредби од Уставот да се направат подобри. Меѓутоа, дајте да се фокусираме на целта. Таа цел не обединува, таа е важна за сите и таа цел треба да ја завршиме оти половина решение не е решение. Во политиката не постојат гаранции и во политиката не постои еден интерес. Постојат и луѓе кои несакаат Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ. Ги гледаме некогаш на улица, а некогаш во дебати. Јас не спорам дека имаат право, но досега не успеаја да понудат никаква алтернатива. Честопати тие што се противат на нашето членство во НАТО и ЕУ се кријат зад пароли и зад флоскули, меѓутоа ако постои нешто што овие 30 години не држело и го имло целосниот консензус во Македонија тоа биле овие две цели. Да не дозволиме сега кога се достижни некои повторно да ни ги тргнат од пред рака, изјави министерката Шекеринска.

И вицепремиерот задолжен за евроинтеграциите Бујар Османи со став дека корпусот на етнички прашања само ќе го оптоварат и онака компликуваниот процес на измени на Уставот и спроведувањето на  Преспанскиот договор.

-Ние како ДУИ сме работеле и на спроведувањето на нашата агенда како етничка заедница во Македонија, но сега би било политичка наивност да се преземат чекори што би го загрозиле зачленувањето во НАТО и ЕУ што е стратешки интерес не само на Албанците туку и на мнозинството граѓани во Македонија. Ние мора да го завршиме процесот на уставни измени до средината на јануари за да може потоа Преспанскиот договор да помине и во Грција пред изборите за Европскиот парламент во мај и парламентарните избори во Грција закажани за септември, бидејќи овој процес ќе нема втора шанса. Членството во НАТО и ЕУ со своите економски и политички придобивки не е само цел за себе туку пат да се трансформираме во европско општетсво и да ја донесеме Евроа кај нас, рече вицепремиерот Османи.

Двајцата членови на Владата и Шекеринска и Османи ја истакнаа потребата целиот процес на уставни измени да биде транспарентен и со уважување на конструктивните предлози со цел во Парламентот да се зачува потребното двотретинско мнозинство за усвојување на имените на Уставот.

-Од првиот ден кога започнаа уставните измени до денеска ја повторуваме истата реченица, а тоа е дека оваа работа или ќе биде целосно завршена или воопшто нема да се заврши. Истовремен, од првиот ден водиме сметка како да добиеме двотретинско мнозинство, но и како да го задржиме двотретинското мнозинство. Покажавме дека водиме сметка за различни мислења, дека водиме сметка за државните интереси и стратешки приоритети на Република Македонија и завршниот текст на уставните амандмани ќе ги земе предвид  тие интереси – Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ и шанстата што ја имаме да добиеме двотретинско мнозинство што таа цел ќе ја направи достижна, рече Шеќеринска.

Османи посопчи дека уставните измени се правени во координација со грчката страна за да се почитува духот на Преспанскиот договор, но истовремено и да се задоволат ставовите на 80 –те пратеници во Собранието и се внимаваше буквално на секој збор или запирка за да не изгубиме ниту еден пратеник од нив.

За професорот и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО Блерим Река врз процесот на уставните измени влијаат битката со времето околу европските и парламентарните избори во Грција и битката со бројките за обезбедување на потребното двотретинско мнозинство во Собранието.

-Договорот со Грција мора целосно да се спроведе пред најавените избори во мај и септември, бидејќи секој застој ќе биде искористен од силите што се против овој договор. Тука е и Русија со тврдењето на Лавров дека околу промената на името треба да расправа и Советот за безбедност на ОН каде Русија има право на вето. Од внатрешните фактори се осумте македонски и четворицата пратеници од албанските и опозициските партии при што едните имаат барања околу амнестијата, додека другите се концентрираат со политичките барања за албанската етничка заедница. Финалната фаза од целиот процес бара поголема политичка волја од политичарите и носење на долгорочни решенија важни за иднината на државата, изјави Река.

И последната панелистка на денешната дебата професорката Беса Арифи посочи дека 27-годишната изолираност од евроинтеграциите на Македониан поради проблемот со името придонело граѓаните се повеќе својата иднина и перспектива да ја бараат надвор од државата.

-Членството во НАТО и ЕУ оди преку Преспанскиот договор, а усвојувањето на амандманите не е лесен процес затоа што со нив треба да се постигне траен компромис со Грција, но и со опозицијата и меѓу етничките заедници во државата, а ниту еден од нив не е лесен, рече Арифи

Треба да знаете
Последни објави