Search

Османи: Интезивна летна агенда до октомври за почеток на преговори со ЕУ

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи најави дека со министерот за надворешни работи Никола Димитров летните месеци ќе ги поминат во посети и убедување на земјите членки за позитивен одговор во октомври за почнување преговори со ЕУ. Исто така, посочи дека дотогаш треба да се избегнуваат сите можни проблеми кои ќе наштетат на процесот.

-Сепак, до октомври има неколку месеци и во овој период особено треба да останеме фокусирани, бидејќи секој проблем што може да го создадеме како држава се разбира дека ќе влијае на одлуката во октомври. Останува фокусирани внатре да испорачеме она што ни е преостанато за испорачување во имплементација на самите законски решенија, но и да разговарамв со земјите членки. Со министерот Димитров планираме сериозна агенда почнувајќи јули и август, па и септември, да посетиме повеќе земји членки од скептиците до најголемите поддржувачи за да уште еднаш ја презентираме нашата приказна која не може многу лесно да се игнорира од која било земја членка поради големите успеси, рече Османи при денешната посета на тетовско Желино.

Тој повтори дека најдобриот Извештај на Европската унија досега и чистата препорака без нови услови која што Советот на ЕУ ја даде значи дека причина за одложувањето е од техничка природа.

-Пред се, неможноста германскиот Бундестаг да донесе одлука пред јуни. Имајќи ја предвид дебатата што се одвивала во самиот Совет имаме информации дека секоја членка на јунскиот совет констатитрале дека Северна Македонија е светол пример во регионот и дека заслужува преговори, но заради отсуство на одлука од Бундестагот тоа не може да го прават. Очекуваме во октомври да се повтори таа позитивна волја, рече Османи.

Треба да знаете
Последни објави