Search

Османи за новиот евроамбасадор Гир: Добиваме искусен дипломат и искрен сојузник на патот кон Брисел

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска го прими новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување.

„Доаѓате во исклучително важен момент за нашата држава во однос на нашиот ЕУ пат. По историската одлука во март за почеток на преговорите, веруваме и очекуваме дека земјите членки во рамки на Германското претседателство со Советот на ЕУ наскоро ќе ја договорат преговарачката рамка и до крајот на годината ќе ја одржиме Првата меѓувладина конференција која ќе го означи конкретниот почеток на преговарачкиот процес. Се потпираме на Вашето искуство и на Вашата искрена поддршка на овој пат, што ќе претставува историски заеднички успех уште на самиот почеток од Вашиот мандат”, порача Османи, посакувајќи му  срдечно добредојде на амбасадорот Гир во Република Северна Македонија.

Османи изрази задоволството што со амбасадорот Гир, Северна Македонија добива искусен дипломат и сојузник кој професионално и принципиелно ќе се вложи во европската перспектива на државата, што претставува исклучителна важност за земјата во пресрет на претстојното објавување на годишниот извештај и пакетот за проширување на Комисијата и очекувањето земјата повторно да добие позитивни оценки.

Османи ја искористи средбата со новоназначениот Амбасадор да ја пренесе благодарноста на Владата до Европска Комисија за поддршката во борбата со предизвиците на кризата со КОВИД, како и да ја поздрави демонстрираната солидарност во време на пандемијата од страна на Европската Унија..

Треба да знаете
Последни објави