Search

Османи: За време на романското претседателство очекуваме конфирмација на одлуката за почеток на преговори

Преземањето на шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ од страна на Романија, доаѓа во еден од најтурбулентните периоди на Европа, во пресрет на предизвиците од претстојните избори, сѐ уште неразјаснетите околности под кои ќе се одвива брегзит итн. истакна заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на средбата со романската премиерка, Виорика Данчила, за време на неговата посета на Романија.

Дозволете да ги пренесам нашите уверувања дека, како земја – кандидат, ќе дадеме соодветен придонес во остварувањето на вашите приоритети како претседавач, имајќи предвид дека истите претставуваат вредности кои целосно се совпаѓаат со нашите државни приоритети“, истакна Османи, посочувајќи и на конвергенцијата, безбедноста и кохезијата, како приоритетни потреби за сите земји од регионот.

Искрена благодарност и за вашата иницијатива процесот на проширување да го одржите високо на агендата на вашето претседателство, како еден од фундаменталните елементи за обезбедување на вториот приоритет – безбедна Европа“ истакна Османи на средбата, изразувајќи уверување дека Република Романија, неповратно ќе се вгради во историјата на Македонија, како земја под чија палка земјава ќе добие датум за почеток на преговорите во јуни оваа година.

За време на посетата, Османи ќе оствари средби и со повеќе претставници на владиниот и државен врв. Негов домаќин е Министерот делегиран за европски прашања, Џеорџе Чиамба, а ќе оствари средби и со Министерот за Надворешни работи Теодор Малешкану, како и со Министерката за Европски фондови, Рована Плумб. Во рамките на посетата на Романскиот Парламент, Османи веќе оствари средби и со Претседателката на Комисијата за Европски прашања, Габриела Крету, како и со Потпретседателот на Домот на Претставниците (Долниот дом), Флорин Лордаке

Треба да знаете
Последни објави