Search

Османи: ДУИ ќе ја оствари најголемата изборна победа во нејзината политичка историја

Не е важна националноста, туку е важна еднаквоста. Националноста е важна доколку оневозможувате некому заради неговата националност да биде на одредена позиција во државата. Нашиот концепт е постигнување на целосна рамноправност и еднаквост на сите граѓани и на сите етнички заедници. Овој процес го реализиравме и продолжуваме да го реализираме и до сега изградивме куќа во која што сите сме рамноправни. Сега таа куќа треба да ја направиме убаво место за живеење, истакна денеска портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи коментирајќи ја најавата на лидерот на партијата Али Ахмети за избор на „претседател на државата Албанец”.

– Мислам дека ова не е прашање на рокови на динамики. Тоа што ДУИ го прави е дека ги предизвикува стереотипите. ДУИ наметнува теми, ДУИ отвора теми коишто ја растоваруваат државата од ретроградни погледи коишто ја држеа назад. Тоа го прави ДУИ. Формалните прашања се многу помалку важни од тоа што ДУИ во оваа држава го наметнува како агенда во овие 20 години и на некој начин стана кормилар на прогресивниот евроатлантски пат на земјата, што успеа да прерасне во една функционална мултиетничка демократија која стана модел не само во регионот, туку и пошироко. ДУИ има сериозен печат во таа функционална мултиетничка демократија за која се гордееме сите, нагласи Османи.

Тој потенцира дека лидерот на ДУИ, Ахмети на последните средби со граѓаните ги објаснувал „двете поглавја” на политичкото дејствување на партијата.

– Поглавјето на создавањето на заедничка држава која што заврши со претходните парламентарни избори во коишто ДУИ со сто процентна ефективност ги урна сите табуа во државата дека граѓаните не се еднакви. Успеавме да ги урнеме едно по едно сите зони на етнички монопол коишто беа ексклузивно резервирани за една етничка заедница, завршувајќи со премиерот којшто е договорен согласно договорот од 18 август, а ќе биде во последните сто дена од оваа Влада, додаде Османи.

Тој нагласи дека со промоцијата го тој концепт и со уривање на овие стереотипи, државата всушност само добила, овозможувајќи еднакви права и можности на граѓаните.

– Оттука консензуалниот концепт за претседател на државата останува како најдобро решение за оваа држава, при тоа сите граѓани имаат право да бидат дел од консензуалниот концепт за избор на претседател на државата, истакна Османи.

Според него, ДУИ се преминува на ново поглавје, во коешто, како што рече, заедничката куќа која што ја изградивме овие 20 години, со уставните измени од 2001 година, сега треба да ја направиме убава за живеење.

– Сега треба да ја направиме европска за живеење. Тоа е зелената агенда на ДУИ. Достоинствени граѓани, рамноправни граѓани коишто живеат европски стандард. Е тоа новиот момент и новиот квалитет којшто наметнува зелената агенда, додаде Османи.

Треба да знаете
Последни објави