Search

Османи-Гир: Младите важен дел од евроинтеграциите и Берлинскиот процес

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со претставници на младите од различни институции и организации во Северна Македонија со цел размена на мислења  и отворање на дискусија  поврзани со  младински политики и нивната инклузија во актуелни процеси на национално и регионално ниво.

‘Ништо не може да се одлучи за нас – без нас’!”, Ова е одлично мото на младите со кое јас се согласувам и му придавам големо значење. Денес сме собрани токму на оваа тема – инклузивноста на младите и во регионалните процеси, но особено во процесот на европско интегрирање ” истакна Османи, посочувајќи притоа на важноста на младинската регионална соработка како важен елемент во процесот на помирување во Регионот, надминување на старите предрасуди и силен двигател на европските вредности .

На средбата се разговараше и за иницијативите и очекувањата од заедничкото ко-претседавање меѓу Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес, а кои се најмногу насочени кон младите.

„Нашето  заедничко претседателство со Берлинскиот процес, оваа година одлучи темата млади да биде силно застапена како хоризонтална тема и истата да биде вклучена на настани во различни области. Важноста на младинската регионална соработка е препознаена како важен елемент на процесот на  помирување во Регионот, надминување на  старите предрасуди и силен двигател на евроските вредности и духот на соработка, доверба и взаемно почитување”, нагласи Османи.

Oд сите учесници беше констатирано дека за Регионот најважна е соработката на сите полиња од заеднички интерес и изнаоѓање на заеднички решенија за спречување на „одливот на мозоци” и млади таленти од Регионот. „Треба да создадеме можности кои ќе ја поттикнат младинската партиципација и претприемништво, потребно е да го модернизираме образованиетои да придонесеме, наместо одлив на мозоци истите да циркулираат во Регионот и нивна целосна социјална и економска инклузија” додаде Османи.

На средбата присуствуваа и Амбасадорот на Република Бугарија во РСМ, Aнгел Ангелов, Евроамбасадорот, Дејвид Гир, раководител на канцеларијата на РИКО во Скопје, Алберт Хани, како и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски кои имаа свои воведни обраќања.

 

Треба да знаете
Последни објави