Search

Османи во Полска по поддршка за одлука за преговори со ЕУ во октомври

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Република Полска, а централна тема на средбите што ќе ги има ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија и полската поддршка во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ во октомври.

Во рамки на посетата на Варшава, Османи ќе се сретне со државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе се сретне и со шефот на полската дипломатија Јацек Чапутович.

Посетата на Варшава, како што соопштуваат од СЕП, е дел од европската турнеја на вицепремиерот Османи за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.

Османи вчера беше во посета на СР Германија, каде што од државниот министер за Европа и претставник на Германија во ЕУ, Михаел Рот, доби потврда дека германската Влада во целост ги поддржува европските интеграции на Северна Македонија и дека цврсто ќе застане за време на сесијата на Бундестагот во одбрана на позициите за старт на пристапните преговори во октомври.

Треба да знаете
Последни објави