Search

Османи: Владината седница во Тетово е регионален пристап за подобри резултати

Втората седница на Владата која се одржува денеска во Тетово по онаа во Битола е со цел сите функционери да се фокусираат на регионот кој го посетуваат и лично да ги согледаат дилемите и прашањата на подрачјето, истакна вицепремиерот Бујар Османи од Тетово при теренските активности. Тој изврши увид на реконструкција на булеварот Видое Смилевски-Бато во Тетово заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЈП Македонија пат, Беким Мемети.

-Владиниот фокус со регионалниот пристап дава резултати и затоа седницата на Владата е со цел да бидеме поблиску до граѓаните но и да го покриеме општините околу Тетовско и Гостиварско со цел фокусираме за рамномерен регионален развој. Идејата е да има пресек што е направено како и надгледување во овие региони со граѓаните со цел да се координираат активностите, рече Османи.

Тој потенцира дека во Тетовско се издвоени средства за различна инфраструктура во изминатот период.

-Пет милиони евра се искористени во завршени проекти, седум милиони евра во фаза на подготовка, а 70 милиони евра во нови инвестиции.  Се издвојува патот Попова Шапка-Тетово каде долгорочната цел е модернизација на скијачкиот центар. Во подготовка е реконструкцијата на автопатот Тетово-Гостивар, во тек е изградбата на магистралниот гасовод Скопје- Тетово-Гостивар, водоводни и канализациони мрежи и слично, рече Османи.

-Во соработка со градоналачалничката на Тетово и со министрите донесовме одлука да се работи на овој патен правец. Чини 37 милиони денари, а ќе се асфалтираат четири километри. На пролет одиме на уште поголема офанзива да ја подобриме сообраќајната комуникација на сите граѓани, рече Беким Мемети, директор на ЈП Македонија пат. 

Треба да знаете
Последни објави