Search

Османи: Ве уверувам дека ќе станеме дел од ЕУ

Разочараност постои кај граѓаните. Тие чувствуваат дека сме влезени во една сизифовска судбина и како стигнуваме до врвот, паѓаме, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи во гостувањето на „Само вистина“.

Тој уверува дека ќе станеме дел од ЕУ.

-Впечатокот е дека процесот оди назад, меѓутоа јас не сум од тие. Сметам дека како што станавме членка на НАТО, така ќе станеме и дел од ЕУ, но за тоа треба многу напор и обиди. Има земји што сметаат дека ЕУ не е спремна за нови членки. Европа влегува во процес на саморефлексија, додава Османи.

Треба да знаете
Последни објави