Search

Осло: Oсомничена и жена за инцидентот со украденото амбулантно возило

Норвешката полиција соопшти дека има и втор осомничен кој е на слобода, а бил во тесна врска со крадецот на амбулантното возило во главниот град Осло, со кое, како што претходно информира, беа прегазени неколку лица, јави ДПА.

-Уапсивме маж и трагаме по една жена, изјави портпаролот на полицијата за јавниот радиодифузер НРК.

„Жена, со бебе во количка, е пренесена во болница”, соопшти полицијата на Осло на Твитер

Инцидентот се случи во делот од Осло познат како Торшов, пренесе ДПА.

Треба да знаете
Последни објави