Search

Оскрнавени неколку статуи на Колумбо во САД

Во неколку градови во САД, на националниот празник Денот на Колумбо., статуите на Кристофер Колумбо биле обоени со црвена боја и испишани со пароли против морепловецот кој ја откри Америка. Статуата на Колумбо во Провиденс на Род Ајленд, била ишарана со црвена боја од глава до пети, а на пиедесталот бил потпрен знакот „Престанете да славите геноцид“, пренесува АП.

Статуата во Чула Виста, Јужна Калифорнија, исто така била ишарана, така што лицето на Колумбо било целосно покриено, а статуата била слично ишарана и во февруари годинава. И статуата на Колумбо во Сан Франциско била цел на вандали – некој истурил црвена боја на неа и нацртал симболи на анархија, со порака „Уништи ги сите споменици на геноцидот“ и „Убиј ги сите колонизатори“. Во САД, постојат различни мислења за Колумбо. Автохтоните жители на САД, Индијанците, бараат Денот на Колумбо да се слави како Ден на домородците, поради загриженоста дека Колумбо предизвикал векови геноцид над домородното население во Америка.

Треба да знаете
Последни објави