Search

Осака со голем пресврт до титулата на УС Опен

Наоми Осака е шампион на Отвореното првенство на САД за 2020 година. Јапонката, пласирана под бр.4 ја совлада Белорусинката Викторија Азаренка со 1:6, 6:3, 6:3 во финалето на УС Опен.

Пред празните трибини на најголемиот тениски терен во светот „Артур Еш”, Осака направи неверојатен пресврт и по втор пат во кариерата триумфираше во Њујорк, откако ова се случи пред две години. Осака губеше во резултатот со 1:6, 0:2, но се опорави и успеа да ја добие битката меѓу двете поранешни лидери на светската ранг-листа.

Азаренка не успеа да го добие финалето на УС Опен во третиот обид, откако го загуби директниот натпревар за трофејот во 2012 и 2013 година од Серена Вилијамс.

Двете тенисерки заслужено се пласираа во финалето откако во последните 3 недели покажаа одлична форма во Њујорк. Тие стигнаа до натпреварот за трофејот и на турнирот од Премиер 5 во Синсинати, но поради повреда на левиот Ахил, Осака не излезе во финалето и Азаренка го освои трофејот без игра.

Сега, сепак, приказната беше поинаква и името на шампионот е Наоми Осака.

Треба да знаете
Последни објави