Search

Оружје пронајдено во куќа во гостиварско

Разни видови пушки се откриени во куќа во гостиварското село Сенце. Од МВР информираат дека во врска со случајот приведени се татко и син кои живееле во куќата.

„Вчера во периодот од 15,50 до 17,40 часот во село Сенце-гостиварско, по претходна наредба од Основен Суд-Гостивар, во присуство на работник од Центарот за социјални работи-Гостивар извршен бил претрес во куќа во која живеел 16- годишен малолетник. При претресот пронајдени биле и одземени: пушка Црвена застава(карабин) со монтиран дурбин, метален нож, две ловечки расклопени пушки и една расклопена малокалибарска пушка, батериска ламба, двоглед и моторна пила“, соопштија од МВР.

Пронајдените предмети се одземени за вештачење, а постојат основи на сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.

Малолетникот и неговиот татко И.М.(66) се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. Од МВР велат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави