Search

Оружен напад пред дискотека во Мелбурн

Четири лица се повредени и веднаш хоспитализирани, од кои двајца се во тешка состојба при оружен напад во близина на дискотека во австралискиот град Мелбурн, соопшти локалната полиција.

Западните медиуми, кои се повикуваат на полицијата од државата Викторија, објавија дека еден маж им подлегнал на повредите в болница. Тројца од повредените се на возраст меѓу 29 и 50 години.

Првично полицијата соопшти дека во инцидентот, кој се случи во 03,20 часот утрово по локално време, се повредени голем број луѓе.

– Според истрагата има голем број повредени лица на излезот од дискотеката, посочи полицијата, без да наведе детали за нападот.

Засега нема информации дали станува збор за терористички напад.

Полицијата, која моментно врши истрага, повикува сведоци и лица кои евентуално го снимиле напаѓачот да им се јават.

Треба да знаете
Последни објави