Search

Оружен напад на матурска прослава во Филаделфија

Најмалку едно лице загина, а седуммина се повредени при оружен напад на матурска прослава во Филаделфија, во американската сојузна држава Пенсилванија, објави телевизијата Ен Би Си.

Инцидентот се случил за време на свеченост, на која присуствувале околу 60 лица. Меѓу повредените има и четворица тинејџери.

Полицијата веднаш започна потрага по осомничениот за нападот.

Треба да знаете
Последни објави