Search

Ортагус: САД и Русија ќе продолжат да си помагаат

САД и Русија ќе продолжат да си даваат помош во време на криза, соопшти портпаролката на Стејт департментот на САД, Морган Ортагус, во соопштението за печатот објавено во средата, пренесува ТАСС.

„Двете држави си пружаа хуманитарна помош во време на криза во минатото и без сомнение ќе го сторат тоа повторно во иднина“, рече Ортагус. „Ова е време да работиме заедно за надминување на заедничкиот непријател кој им се заканува на животите на сите нас.“

„САД се посветени на глобалната борба против Ковид -19“, истакна таа.

„Земјите од Г-20 се согласија минатата недела да работат заедно за да го поразиме коронавирусот и ние тесно соработуваме со овие земји и со другите за да се осигураме дека критично потребните залихи ќе стигнат до оние кои имаат потреба од нив.“

Ортагус  посочи дека по телефонскиот повик на 30 март меѓу претседателот Трамп и претседателот Путин, САД се согласиле да набават потребни медицински материјали, кои ѝ беа предадени на ФЕМА [Федерална агенција за управување со вонредни состојби] на 1 април во Њујорк.

Според најновите извештаи, повеќе од 213.000 случаи на коронавирус биле потврдени во САД, а повеќе од 4.700 луѓе починале од болести и компликации поврзани со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави