Search

Орландо Меџик го избра Паоло Банкеро како прв пик на НБА драфтот

Орландо Меџик како прв пик на кошаркарскиот НБА драфт за 2022 година го избра Паоло Банкеро. Американецот со италијанско потекло му се предвидуваше малку пониска позиција, меѓутоа, неговото име прво беше прочитано минатата вечер во Њујорк.

Во прашање е офанзивно неверојатно талентиран кошаркар, а тоа што му се замерува е  недоволната брзина. Тој доаѓа од универзетот Дјук, а како што има изјавено во неколку случаи сака во иднина да настапува за репрезентацијата на Италија.

 

Треба да знаете
Последни објави