Search

Орландо Блум на модна ревија дојде со куче – сите сакаа да се фотографираат со нив

Актерот Орландо Блум ја имаше најслатката придружба на модното шоу „Хуго Бос“ на Модната недела во Милано. Наместо свршеницата Кети Пери, тој со себе го зеде нивното кученце Мајти, кој беше главната ѕвезда на вечерта.

Кучето ја следеше ревијата од првиот ред, заедно со најпознатите имиња од светот на модата. Актерот дури и стилски се усогласи со својот миленик носејќи косум и џемпер во иста боја како неговото куче, па сите што беа на ревијата посакаа да се фотографираат со нив.

Треба да знаете
Последни објави