Search

Орландо Блум има ново хоби во карантин – лего коцки

Кога ќе се најдете себеси заглавени дома подолг временски период без никакви работни обврски, обично најдобра идеја за некаква акција е ново хоби, било да е тоа печење или шиење.

За актерот од „Господарот на прстените“ и „Пиратите од Карибите“, Орландо Блум, се чини дека новото хоби е играта која многумина ги потсетува на нивното детство, ЛЕГО коцки.

Во неодамнешната епизода на ноќното шоу на Џими Фалон, The Tonight Show, Блум ја откри својата нова карантинска активност и рече дека всушност многу се забавува во заедничката активност со неговиот деветгодишен син Флин.

Треба да знаете
Последни објави