Search

Оригинална измама на тетовец: Му зел 150 евра, па го оставил „да се слика“

Измамник од Тетово наседнал Албанец преку оглас за работа преку Фејсбук, и му зел 150 евра, информираше МВР.

Според полицијата, Н.Ш.(28) од Елбасан, Албанија вчера во ПС Тетово пријавил измама извршена од страна на непознато лице. Имено, Н.Ш. видел објава на Фејсбук дека се бара работник за работа како келнер во  Австрија. Албанецот напишал дека е заинтересиран за работата и од страна на непознатото лице му било посочено дека треба да дојде во Тетово и со себе да носи 150 евра и две фотографии.

Албанецот вчера дошол во Тетово и се сретнал со непознатото лице, му ги дал парите, а измамникот му го зел и мобилниот телефон, наводно за да стави сим картичка. Потоа заедно заминале пред фото студио на улица Илинденска заа да Н.Ш. се фотографира. Кога пристигнале пред фото студиото, непознатиот му рекол на Н.Ш. да влезе внатре да се фотографира, а тој ќе го чека надвор.

Албаанецот се фотографирал, но кога излегол измамникот веќе не бил таму, по што го пријавил случајот во полиција.

Треба да знаете
Последни објави