Search

Орбан пречекан од демонстранти во Загреб: Депортирајте го него, а не бегалците!

Орбан пречекан од демонстранти во Загреб: Депортирајте го него, а не бегалците!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан беше пречекан од демонстранти пред хотелот „Еспланаде“ во Загреб, каде пристигна за да учествува на самитот на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Демонстрантите носеа транспаренти со натпис: „Депортирајте го Орбан, а не бегалците“ и „Мириса на фашизам“. Во протестот учествуваа Ценарот за мировни студии и иницијативата „Добродојдовте“.

„Ги сакаме Европа и ЕУ во која еднакво важат сите човекови права и еднакво важи владеење на правото во која нема црни оази како Унгарија во која се загрозени темелните вредности“ порача Јелена Берковиќ од организацијата „ГОНГ“, која беше дел од демонстрациите против Орбан.

Од вкупно 18 држави членки на ЦЕИ, во Загреб пристигнаа само петмина премиери – Зоран Заев од Македонија, Петер Пелегрини од Словачка, Вјорика Данчила од Романија, Еди Рама од Албанија и Виктор Орбан од Унгарија. Останатите членки ги претставуваат амбасадори или други претставници.

Треба да знаете
Последни објави