Search

Орбан: Прво антимигрантско мнозинство во ЕУ, па во ЕК, потоа во Европскиот совет

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави оти би сакал да антимигрантските партии да освојат мнозинство на изборите за Европски парламент, закажани за мај оваа година, што, според него, ќе доведе до слични промени во извршната власт во ЕУ.

– Првата цел на Унгарија е да осигура антимигрантско мнозинство во ЕП, потоа во Евроспката комисија и потоа, како што на националните избори ќе се менува „политичкиот пејсаж” на континентот, и Европскиот совет, каде што националните лидери ги носат најважните одлуки во име на ЕУ, изјави Обран.

Според него, претседателот на Франција Емануел Макрон е лидер на „промигрантските сили” во Европа и затоа чувствува одговорност да му се спротивстави.

– Нема сомнеж дека Емануел Макрон е важна фигура, уште повеќе тој е lider на промигрантските сили. Тоа не е ништо лично, туку прашање за иднината на нашите земји. Доколку се исполни тоа што тој го сака во поглед на миграцијата, тоа ќе биде лошо за Унгарија, поради тоа морам да се борам против него, истакна Орбан.

Треба да знаете
Последни објави