Search

Орбан не попушта околу ветото за буџетот на ЕУ: Не го менувајте законот и се ќе оди глатко

Унгарија сè уште не може да ја прифати клаузулата за владеење на правото како услов за распределба на средства од буџетот на Европската унија и фондот за закрепнување од кризата со коронавирус, изјави денеска премиерот Виктор Орбан, додавајќи дека за политичките правила треба да се постапува одделно.

Орбан додаде дека не е прифатливо за Будимпешта ЕУ да даде изјава во која ќе ја објасни клаузулата што ќе биде додадена на регулативата за буџетот, што е предлог што го охрабри полскиот вицепремиер да каже дека Полска може да го прифати пакетот под тој услов, пренесува Ројтерс.

„ За нас, ова решение, да приложиме изјава како што е белешка на парче хартија од самолеплив бележник, нема да вроди со плод. Унгарија инсистира на тоа дека овие две работи треба да се одделат“ изјави тој за државното радио.

„ Оставете го законот непроменет и се ќе оди глатко и брзо“ додаде Орбан.

Треба да знаете
Последни објави