Search

Орбан: Европскиот парламент има потреба од нова крв

Европскиот парламент има потреба од нова крв, рече денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, осврнувајќи се на европските парламентарни избори кои ќе се одржат во 2019.

„Можам да видам екстремни знаци на замор“, рече Орбан, додавајќи дека ќе има нови пратеници по изборите за ЕП и оти верува дека со тоа квалитетот на демократијата ќе се подобри.

Во изјава за радио Кошут, Орбан го коментираше и прашањето за мигрантските визи и рече дека е смешно тоа што се повторува гласањето за мигрантски визи во ЕП со цел да се обезбеди резултат кој ќе им одговара на „бирократите“.

Тој рече дека вреди човек да се запраша зошто целата ситуација ја толерираат пратениците кои се испратени таму за да ги застапуваат интересите на граѓаните.

„Ниту една демократија не е совршена, вклучително и демократијата во Унгарија, но демократијата во Брисел е уште подалеку од совршена“, рече Орбан.

Треба да знаете
Последни објави