Search

Орбан: Договорот за Брегзит „тажен ден за ЕУ“, а виновници се европските лидери

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан изрази жалење поради одобрувањето на договорот за Брегзит и вчерашниот ден го нарече „вистинска црна недела“ и „тажен ден за ЕУ“.

Орбан, во интервју за унгарската М1 телевизија во Брисел, рече дека се обидел да ја убеди Британија да остане во ЕУ, но не успеал, објави агенцијата МТИ.

– Сега немаме друга опција освен да ја признаеме одлуката што е донесена. Разводот со Велика Британија е огромна загуба, рече Орбан, објаснувајќи дека покрај политичките загуби за ЕУ, Велика Британија ќе одвлече многу пари со неа.

Според него, актуелните водачи на ЕУ ја сносат одговорноста за Брегзит избирајќи го Жан Клод Јункер за претседател на Европската комисија, против чиј избор беа Британците.

Орбан истакна и дека ако Европа не ги пуштеше мигрантите внатре, немаше ниту Британците да излезат од ЕУ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави