Search

Општина Јегуновце со најголема излезеност до 10 часот во Тетовско

Во тетовскиот регион до 10 часот најголема излезеност за претседателските избори има во општина Јегуновце каде гласале 4,1 процент или 426 лица од регистрираните 10.171.

Во Тетово излезеноста е 3,58 проценти или гласале 2.986 од 83367 граѓани. Во Боговиње излезноста е најмала, 1,78 проценти, односно гласале 492 граѓани од 27.501, во Желино гласале 4.289 луѓе или 1,82 процента. Шестотини и триесет граѓани или 2,8 проценти излегле на гласање во Теарце, а од 15.268 граѓани во Брвеница гласале 562 или 3,68 проценти.

Треба да знаете
Последни објави